Еуро Бизнис Центар Скопје ДООЕЛ 15 години по ред е издавач на едицијата 200 најголеми и најуспешни фирми во Македонија која е подржана од Министерството за економија на Р. Македонија. Преку целата година нашите вработени се посветени на подготовката и грижливо го прегледуваат секој детал со цел секоја наредна едиција да биде се подобра и подобра. Фирмите кои се влезени на листата го заслужуваат посветеното внимание кое би требало да им послужи и како поттик да продолжат со успешното работење.

    Едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА секоја година објавува листи од 200 најголеми и 200 најуспешни фирми, како и најголемите и најуспешните банки и осигурителни компании. Ранговите се определуваат според податоци добиени од Централниот Регистар на Македонија по прегледот на годишните сметки на фирмите и како критериум се зема приходот (најголеми фирми) и добивката пред оданочување (најуспешни фирми), односно капиталот и резервите (најголеми банки) и добивка/загуба пред оданочување, бруто полисирана премија (најголеми осигурителни компании). Сите компании кои се на листите добиваат можност да ја претстават својата успешна приказна на останатите компании.

    Клубот 200 е ексклузивен клуб во кој можат да членуваат сите фирми на листите на најголеми и најуспешни. Членовите се претставени на нашата веб страна со свои профили кои претставуваат извор на информации за самите фирми. Тоа е платформа за размена на знаења, искуства и информации, меѓу фирмите, но и обраќање кон нивните крајни потрошувачи. Клубот 200 игра улога и на извор на информации поврзани со режими, трговски, царински и даночни процедури и регулативи, како и на најновите вести поврзани со бизнис работењето од Македонија и регионот. Наша цел е да сите фирми кои имале успешна година во работењето да добијат простор тоа и да го покажат, а со тоа да се поттикне конкурентноста меѓу компаниите.